Од арачиновец запленет пиштол – осомничениот дома

875

За 21-годишен жител на Арачиново, скопското Основно јавно обвинителство отвори истрага, откако го осомјичи дека е сторител на кривично дело. неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Имено, како тврдат од Обвинуитрелството сега осомничениот во својот автомобил „ауди А4“, неовластено држел полуавтоматски пиштол „Токарев ТТ-33“ со калибар 7,62 Х 25 милиметри и пет куршуми од истиот калибар. Оружјето било пронајдено пред два дена откако овластени полициски службеници го пресретнале осомничениот на клучката Арачиново.

Јавнио обвинител, а заради обезбедување присуство на сега осомничениот, побарал да му бидат определени мерки на претпазливост, односно забрана за напуштање на живеалиште, негово јавување во суд и одземање на патна исправа.

Спонзорирано