Обвинителството не се повлекува од случајот за малата Тамара

1693

Обвинителството не се повлекува од случајот за малата Тамара, иако обвинителката Наташа Гоџовска побарала изземање од предметот и веќе не го застапува пред суд. Ќе биде назначен нов обвинител за предметот во кој, за несовесно работење во службата, се обвинети 12 доктори и членови на комисиите кои не и дозволија лекување во странство на малата Тамара од Велес.

-Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека постои законска пречка за нејзино понатамошно постапување во предметот поради нови околности кои настапија во периодот од претходната до денешната главна расправа. Од тие причини е доставено барањето за изземање. По прифаќање на барањето за изземање, ќе биде назначен друг јавен обвинител од ОЈО – Скопје, а постапката ќе продолжи натаму со вообичаен тек – велат од Обвинителството.

– Ве известуваме дека јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека постои законска пречка за нејзино понатамошно постапување во предметот поради нови околности кои настапија во периодот од претходната до денешната главна расправа. Од тие причини е доставено барањето за изземање. По прифаќање на барањето за изземање, ќе биде назначен друг јавен обвинител од ОЈО Скопје, а постапката ќе продолжи натаму со вообичаен тек – велат од ОЈО.

Спонзорирано