Притвор за државјанин на Албанија за шверц на марихуана

749

Основното јавно обвинителство –  Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 26 – годишен државјанин на Албанија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 19 октомври, осомничениот неовластено, заради продажба,  пренесувал наркотична дрога-марихуана во количина од 9,97 килограми, во 12 пакувања скриени во багажниот простор од патнички автомобил марка „мерцедес“ со албанска регистарска ознака. При вршење контрола од страна на службените лица од Царинската управа на граничниот премин „Богородица“ дрогата е пронајдена и одземена. На осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена

Спонзорирано