Потврдена деветгодишната затворска казна за Ѓоко Поповски

774

Кривичниот суд денеска на повтореното судење ја потврди казната од девет години затвор за поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски. Тој беше обвинет за злоупотреба на службената положба во случајот на СЈО „Триста“, кој е меѓу првите за кои беше донесена пресуда,

Судиката Добрила Кацарска, која е на чело на Судечкиот совет, повторно му ја одреди истата пресуда на Поповски.

Поповски беше осуден на казна затвор од девет години на 22 мај лани, но Апелациониот суд ја укина пресудата и случајот го врати на повторно судење во Кривичниот суд.

Тој е обвинет дека злоупотребувајќи ја службената положба и овластување извршил набавка на 300 возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година и го оштетил буџетот на МВР за 453.570 евра.

Спонзорирано