Истрага за обид за силување во Кичево

558
Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кичево осомничено дека сторило кривично дело – „силување“ од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот, кој е  на 22-годишна возраст, на 22 октомври, со употреба на сила и закана, се обидел да присили на обљуба 18-годишна девојка.
Тој прво ја следел девојката која, заедно со нејзината малолетна сестра, се движела по импровизиран дрвен мост кон нивниот дом во Кичево. Кога пристигнале спроти платото на товарната железничка станица осомничениот им се приближил и се обидел да изврши обљуба. Оштетената и нејзината сестра неколкупати го удриле и успеале да побегнат, а настанот го пријавиле во полициска станица.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд – Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Крај на разговорот
Спонзорирано