Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по објавата на најновиот сет на аудио снимки на „Ју тјуб“, а објавени на каналот „U6e Big“, отвори истрага, по допрен глас.
Од обвинителството потврдуваат дека веќе е издадена наредба до Министерството за внатрешни работи, односно до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, да преземе мерки за прибирање на потребни известувања и да го достават до „Ју тјуб“. „Во моментов се испитуваат сите околности во врска со идентификација на лицето што ги објавило снимките. Со постапката треба да се утврди кој снимал, дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело, како и идентитетот на лицата што разговараат. Откако ќе биде прибран и анализиран доказниот материјал, обвинителството ќе донесе одлука дали и кое лице ќе биде повикано да даде исказ пред обвинител“, се вели во соопштението на обвинителството од каде и информација дека до нив нема пристигнато пријава која се однесува на објавените снимени разговори.

Спонзорирано