Обвинителство во Гостивар проверува дали самоубиство на 13-годишна девојка е поврзано со секта

    1616

    Основното јавно обвинителство во Гостивар се сомнева во мотивот, односно причините поради кои една девојка, на возраст од 1 години, на 25. минатиот месец, си го одезеде животот. Иако првичните сознанија непосредно по настанот упатувале на заклучокот дека се работи за самоубиство, сепак постојат индиции кои упатуваат на други мотиви кои се причина за смртта. Имено, веднаш по настанот, јавен обвинител извршил увид и издал наредба за обдукција на телото на починатото девојче, но со обдукцијата било утврдено дека починатата на себе има и други повреди кои би можеле да упатуваат на нејзина припадност кон одредена секта.
    За да се проверат ваквите сомневања обвинителот издал дополнителна наредба за токсиколошки испитувања, како и наредба за вештачење на телефонот и нанејзината комуникацијата преку социјални мрежи. Обвинителство побарало од МВР да изврши проверки и да направи споредба со слични случаи во земјава или во странство, како и да да се обават разговори со членовите на семејството, пријателите и соучениците и наставниот кадар на сега починатата девојка.

    Спонзорирано