Обвинение за разбојништвото во заложна куќа „Астра кредити“

    809

    Скопското јавно обвинителство изготви и поднесе обвинение за две лица кои се товарат за разбојништво, извршено на 19. септември, оваа година, во заложната куќа „Астра кредити“, на улица „Лондонска“, во Скопје.
    Обвинентите, како што е наведено во диспотитовот на обвинтелниот акт, откако влегле во објектот, во 11.50 часот, едниот од нив држејќи во рака пиштол, кој всушност е запалка „Pietro Bereta“, побарал од вработениот во заложната куќа, да го отвори сефот и да ги извади парите. Оштетениот го отворил сефот и на обвинетите им дал 120.000 денари. По ова, вториот обвинет се приближил до сефот и го зел остатокот од 180.450 денари. По ова обвинетите побегнале со мотоцикл којшто бил паркиран во близина на заложната куќа.
    Инаку, јавни обвинител кој постапува во овој предмет, до судијата на претходна постапка од скопскиот кривичен суд, доставил предлог за продолжување на веќе определениот притвор за двајцата обвинети.

    Спонзорирано