Во јануари уште едно обвинение за „Рекет“

1537

Следниот месец се очекува уште едно обвинение за случајот „Рекет“, односно за работењето на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13. Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска изјави денеска истрагата за „Рекет 2“ е при крај и очекува на почетокот на јануари да биде подигнато обвинение.

„Привршува истрагата. Се надевам дека на почетокот на јануари ќе биде подигнато обвинение“, рече обвинителката.

Во овој случај покрај Бојан Јовановски, кој е првообвинет во „Рекет 1“, осомничени се и неговиот татко Миле Јовановски, Јасна Мандиќ и потпретседателката на Собранието Фросина Ременски, која се товари за помагање во делото „измама“. Таа вчера вршеше увид во доказите во обвинителството.

Во октомври, Обвинителството отвори истрага за измами што ги направил Сојузот со проект за изградба на центри за возрасни лица, за што се барале пари од бизнисмени.

Спонзорирано