ОБВИНИТЕЛСТВО: ДЕКРИПТИРАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИ ПОВРЗАНИ СО „РЕКЕТ“

1136

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека согласно утврдениот план презема истражни дејствија во насока на обезбедување на доказите и целосно расветлување на случајот „Рекет“.
„Во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање на доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба. Воедно, дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини“, потврдуваат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое, во интерес на постапката не планира да споделува информации за дејствијата што ги презема во конкретниот предметот, па така и за лицата што ги повикало или има во план да ги повика да дадат исказ.
„Со оглед на тоа дека се работи за предмет што предизвика голем интерес во јавноста, обвинителството во рамките на можностите ќе продолжи и понатаму да ги споделува сите информации што нема да наштетат на понатамошната постапка“, се вели во соопштението на ОЈОГОКК од каде уште еднаш укажуваат дека само официјално добиените информации во врска со овој предмет се веродостоен извор на информации.

Спонзорирано