Притвор за осомничениот за убиството на Никола Христовски

    2542

    На осомничениот за убиството на 17-годишниот Никола Христовски, по барање на Јавен обвинител, а со решение на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
    Скопскопто јавно обвинителство веќе отвори кривична истрага за лицето А.Т. (18) за кривично дело убиство. Имено, сега осомничениот, со нож на расклопување, пред само еден ден го лиши од Христовски. Немилиот настанот се случил половина час по полноќ на 14 август, на улицата „Февруарски поход“, во скопската населба Ново Лисиче. По претходна расправија меѓу 18-годишниот осомничен и негов другар од една страна и поголема група лица од друга страна, осомничениот се дал во бегство кон зградите во населбата. Неколку лица трчале по него и во момент кога му се доближиле, тој го извадил ножот со кој на оштетениот му задал еден удар во пределот на градниот кош. Повредениот бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде, за жал, им подлегнал на повредите.

    Спонзорирано