ОБВИНЕТ СТРУШКИ ГИНЕКОЛОГ КОЈ СЕДУМ ГОДИНИ РАБОТЕЛ БЕЗ ДОЗВОЛА

910

Струшкото Јавно обвинителство обвини тамошен гинеколог за давање здравствени услуги без дозвола за работа.
Имено, сега обвинетиот, како лекар специјалист по гинекологија и акушерство давал здравствени услуги во простор за кој немал работна дозвола. Тој во просторија во неговата семејна куќа во која живее, подготвил ординација која не била регистрирана и означена. Здраствените услуги обвинетиот тој ги давал од 2013 до 2020 година со тоа што ги водел контролите на бременоста на повеќе пациентки. За извршените прегледи лекарот наплатувал по 1.000 денари од пациентките, а за примените пари не издавал ништо. По извршен надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство, на 16. јануари минатата година, било констатирано дека за опремената ординација докторот не поседувал дозвола за работа, по што му било врачено решение со кое му било забрането во неа да врши здравствена дејност.

Спонзорирано