ЗА „ПАРИТЕ НА САШО“ И (НЕ)ПРИФАТЕНИТЕ ГАРАНЦИИ

2213

Не е проблем што судот што ги одби понудените гаранции, проблемот е во Обвинителството кое после неколкуте одбивања, преку ноќ, одлучи да ги земе милионите евра за кои повторно се разви муабет дека Мијалков ги напарвил на незаконски начин, но никој не се ни обидува да провери дали е тоа така

 

Љубиша Станковиќ

Нема никакви дилеми дека минатата недела главна вест беше понудената гаранција за порашниот директор на сега веќе непостоечката Управа за државна безбедност (УБК), Сашо Мијлаков, во замена за мерка куќен притвор.
Одбаната на Мијлаков, наводно, понудила 10,8 милиони евра, а за возврат требаше на нивниот штитеник да му се укине притворот, односно да му изрече поблага мерка. Е сега, дали биле 10,8 или 6,8 или 8,2 милиони евра јас не можам да тврдам, бидејќи понудата не сум ја видел на хартија и затоа ми останува да верувам дека Сашо Мијлаков ја понудил токму онаа сума за која некој пресметал дека е идентична на сумата што ја издвојува државата за потребите на притврените и осудените лица. Ако е тоа така тогаш испаѓа дека Мијалков сака да плати една година за сите кои се по затвори, што, пак, ако ја следи логиката на Обвинителството, Министерството за правда веднаш треба да даде согласност и на тој начин да заштеди 10,8 милиони евра, а за возврат Сашо Мијалков ќе си го хранат домашните и тоа на нивни трошок.
Иако погоре кажаното некому ќе му заличи на шега или на подбивање со правниот систем, сепак тоа не е така! За мене не е подбивање кога некој ќе праша: „Од каде му на Мијалков толку пари?“. Смешка е и тоа кога Јавен обвинител, по неколку несогласувања, се премислува и дава согласност за пуштање на Мијалков од притвор. Не е проблемот во парите понудени од Мијалков. За нив може да се дебатира дали ќе бидат прифатени или не, но она што фрла сенка на цениот случај е добиената согласност токму од обвинителот кој во завршен збор, за случајот наречен „Трезор“, побара да се надомести разликата од конфискуваниот имот од 10.810.000 данари со износот на прибавената имотна корист на „Финзи“, во висина од 47.990.000 милиони денари. Дали обвинителот проценил дека понудената гаранција ќе ја покрие направена штета или нешто друго е во прашање останува непознато, но затоа е познат ставот на кривичниот суд кој во решението со кое ја одбива големата парична гаранција ќе наведе дека дадената согласност од 18. овој месец како да ги исклучува мислењата на Обвинителствопто од 22. април, односно од 4 мај, а со кои се бара да се одбие предлогот за укинување на мерката притвор со предложената гаранција.
На ова судот уште ќе додаде дека Обвинителството било тоа кое се посомневало дека Мијалков сакал да ја злоупотреби мерката куќен притвор, односно дека имале сознанија дека тој планирал бегство од земјата. Всушност, самото Јавно обвинителство ќе понуди многу „аргурменти“ за да може судот да ги одбие странките.

Секако, на Обвинителството му останува ( ако се уште верува дека постои криминал), да направи проверки дали понудените милиони евра се „легални“, односно дали се работи за црни пари. Проверката ќе ја избегне приказната за милиони евра кои потекнуваат од „милијардите евра на Мијалков“, оти јавноста верува и зборува за стотици милиони евра кои, нели, по дефиниција, требало да бидат заработени додека тој бил на државна функција?!
Никогаш не ми било јасно зошто мора да се зборува за неговите милиони или за хотелот „Мериот“, а да не се направат проверки дали сето тоа е чесно заработено или не? Почнувам да верувам дека никој и никогаш не планира да ги направи таквите проверки, не за да се утврди дека „Мијалков крадел“, туку за да остане и да се врти муабет дека се што тој поседува е стекнато на криминален начин?!
Скопскиот Кривичен суд кажа што имаше да каже. Сега е ред да ја слушнеме Апелација!

Спонзорирано