САШО МИЈАЛКОВ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР

1196

Кривичниот совет на скопска „единица“ одлучи да го отфрли предлогот на одбраната за ослободување на Мијалков, со приложување на голема парична гаранција, а за што согласност даде и Јавното обвинителство

Кривичен совет, на Одделението за организиран криминал при скопскиот кривичен суд донесе решение со кое како неоснован го одби предлогот на одбраната на обвинетиот Сашо Мијалков мерката притвор да му биде заменета за куќен притвор, иако за таа цел беше понудена голема парична гаранција.
„Советот, по проучување на списите во предметот, смета дека се уште постојат причини поради кои била определена мерката притвор, имајќи ги во предвид видот и карактерот на кривичните дела како и висината на изречената казна“, се вели во соопштението на кривичниот суд кое се однесува на предметот наречен „Трезор“, а во кој Сашо Мијалков, за стортени две кривични дела беше осуден на единствена казна затвот од осум години.
Во образложение на својата одлука судот потсетува токму на висината на изречената затворска казна, но и на предлогот на Обвинителството, Мијалков да остане во притвор, дека тој за предметот наречен „Таргет – Тврдина“ е осуден на дополнителни 12 години затвор, како и тоа дека против него се водат уште два други предмета за кои исто така беа определувани мерки за обезбедување присуство и тоа токму по предлог на Обвинителството.
Судот, потсетува дека токму Обвинителството е тоа кое што инсистирало на мерка притвор поради постоење опасност Мијалков да се даде во бегство, но и тоа дека Обвинителството се повикало на наводна злоупотреба на мерката куќен притвор од самиот Мијалков.
Од кривичниот суд потврдуваат дека во вторникот присдтигнало позитивно мислење од Јавното обвинителство по прашање на понедената гаранција за која одредени медиуми пренесоа дека е во износ од 10,8 милиони евра, иако на 22 минатиот и на четврти овој месец исторто тоа Обвинителство го барала токму спротивното.
„Водејќи се по член 150 ст.3 од ЗКП согласно кој судот е тој што по слободна оценка одлучува дали ќе определи гаранција и кој ќе биде износот на истата, а во правец на претходните две негативни мислења на Јавното обвинителство, Кривичниот совет не се согласува со проценктата на обвинителството дека висината на понудената гаранција претставува доволен основ за замена на мерката притвор со гаранција“, велат од скопскиот кривичен суд и наведуваат дека донесеното решение не е правосилно, односно дека во законски рок од три дена, е дозволено право на жалба пред Апелациониот суд во Скопје.

Спонзорирано