СЛУЧАЈ „ТОРТУРА“: АДВОКАТОТ ШВРГОВСКИ ТВРДИ ДЕКА ЉУБЕ БОШКОСКИ САКАЛ ДА БЕГА

840

Оштетениот Љубе Бошкоски не претрпел никаква душевно страдење, ниту доживеал болка додека бил апсен во случајот познат како „Поткуп“. Сето она што тој посведочи пред судот дека го преживеал, било поради тоа што бил фатен со пари коишто ги примил од заштитениот сведок, тврди одбраната на екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавањем, Сашо Мијалков, инаку обвинет за потткнување и нечовечно и сурово постапување при апсењето на Љубе Бошкоски, кое се случли на шести јуни 2011 година.
Имено, според адвокатот Љупчо Шврговски, Бошковски, наводно, се обидел да се даде во бегство. Тој, во завршен збор ќе каже дека најверојатно со обвинителот гледале разлчни снимки, бидејќи на оние коишто тој ги гледал се гладело како Бошкоски давал отпор при неговото апсење. Адвокстот ќе каже дека на снимките не се гледа пиштол кои припадниците на тогашната единица „Алфа“ му го ставиле во уста, ниту пак било каков говор, односно дека не биле изречени пцости или дека му бил испратен „поздрав од Мијалков“.
Во одбара на својот клиент адвокатот Шврговски ќе каже дека не постои никаков доказ кој упатува на тоа дека тој имал контакт со „алфите“, а дека во други докази, изведени како телефонски разговори, Мијалков само го изразил своето задоволство од успешно завршената акција.
Судењето за случајот наречен „Тортура“ ќе има свое продолжение на 31. овој месец, за кога е предвидено да се завршо со давање на завшен збор, а неколку дена подоцна кривичниот суд ќе треба да ја изрече пресудата и за шестемина припадници на полициската единица „Алфа“.

Спонзорирано