Обвинение за поседување на марихуана, хашиш и пиштол

890

Скопското обвинителство товари едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, односно за поседување на 14,131 килограми марихуана, спакувани во 39 пакувања, како и четири литри хашиш масло. Имено, како што велат од Обвинителството, на 15 минатиот месец, во куќа, сопственост на таткото на 48-годишниот обвинет во Сингелиќ, освен дрогата, биле пронајдени и еден пиштол марка „црвена застава“, со калибар 9 милиметри, две рамки и 57 куршуми.
Со обвинението, Обвинителствто до кривичниот суд додставило и предлог барање за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Спонзорирано