Отворен предмет за настанот кој се случи на Гинекологија и акушерство во Битола​

1365

Основното јавно обвинителство – Битола отворило предмет, по добиена анонимна пријава, дека на 12. минатиот месец, а во врска со постапување на специјалисти – гинеколози од тамошната болница и едно лице странски државјанин, за кое постојат основи дека без лиценца за работа преземало медицинска интервенција.
На предметот му е припоена и кривична пријава поднесена вчера за три лица заради преземени дејствија со кои ги пречекориле овластувањата во вршење на должноста и овозможиле лице без лиценца од Лекарска комора на РСМ, да породи родилка со царски рез. По завршувањето на интервенцијата, едно од лицата во оперативниот дневник внело невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внело своите податоци и податоците на колегата, а од стариот оперативен дневник отстранило страници на кои третото лице ги запишало извршените оперативни интервенции на први јануари оваа година.

Спонзорирано