Истрага за запален „голф“ во Сарај

655

За автомобил којшто вчера, беше запален во Сарај денеска е отворена кривична истрага, а сторителот е осомничен за кривично дело: тешки дела против општата сигурност.
Од Обвинителството, засега соопштуваат дека вчера осомничениот, кој е на возртаст од 45 години, зел пластична туба и од бензинска пумпа во населбата Ѓорче Петров наточил бензин, а потоа се упатил кон Сарај, каде бил паркиран “голф 5”. Тој истурил дел од бензинот врз возилото и пластичната туба ја ставил под возилото кај совозачката врата. Потоа на рацете ставил црни волнени ракавици, но едната ја натопил во бензинот и откако ја запалил тој ја фрлил кон бензинот што истекувал, притоа предизвикувајќи пожар кој го зафатил целото возило. Штетата од пожарот е проценета на 365.000 денари.
За сега осомничениот е побаран и одреден притвор во траење од еден месец.

Спонзорирано