Ѓорге Иванов не планирал да воведе воена состојба?!

1523

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов га поддржувал движењето и протестите на „За заедничка Македонија“, но не планирал да воведува воена состојба по бруталните случувања на 27. април 20217 година, посведочи споментиот на судењето на обвинетите за организирање на упад во Собранието на Република Северна Македонија.
Иванов посведочи дека тезата за воведување на вонредна состојба потекнала од еден неделник, на една недела пред случувањата во Собрабнието, но сппоред него текстот бил пон со „шпекулации и глупости“, но и како таков тој бил пренесуван во странски медиуми.
Оценувајчи дека воведувањето на вонредна состоијба било небулоза, Иванов кажа дека, согласно Уставот, воена состојба се прогласува кога постои опасност државата да е нападната или со објава на војна. Спиред сведокот, таквите предуслови не биле исполнети, а потсети и дека воена состојба прогласува Собранието со двотретинско мнозинство.
Сведокот на одбраната кажа дека не знаел дека нешто се подготвувало критичната вечер.
Инаку, како организатори на упадот во Собрането, Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ги товари поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, екс-министрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски, кој во тоа време ја извршуваше функцијата директор во Управата за безбедност и контрараузнавање. Како организатор се води и Никола Груевски, но поради неговото бегство за него е издвоена судската постапка.

 

(Фото: „360 степени“)

Спонзорирано