Обвинителствто ја отфрли пријавата на Лидија Неделкова за тројца членови на Судскиот совет

370

За релативно кратко време по прием, скопското Јавно обвинителство решавало и одлучило да ја отфрли кривичната пријава што ја поднесе судијката од Врховниот суд на РС Македонија, лидија Неделкова, против тројца членови на Судскиот совет.
Како што објави „Праводудство“, пријавата за сторена злоупотреба на службена положба и овластување се однмесува на актуелниот претседател на Судскиот совет, Киро Здравев и членовите Гордана Спиреска и Весна Дамева.
Иако за приемот на пријавата Обвинителството не се огласи, сепак, со денешното соопштение појаснува дека во пријавата било наведено дека споменатите, во својство на службени лица, од септември минатата до јануари оваа година, ја злоупотребиле службената положба при одлучување и гласањето на седница на Сускиот совет на која се разгледувал извештај за утврување одговорност на подносителката на пријавата.
„Тие, наводно, ги пречекориле границите на своето службено овластување со намера потешко да ги повредат правата на оштетената, а притоа од лични и политички причини вршеле влијание и врз другите членови на Судскиот совет при одлучувањето. Така, предлогот на Комисијата која го разгледувала извештајот и предложила запирање на постапката против судијката на Врховен суд го вратиле на доработка, потоа избрале нов член во Комисијата и одлучувале без да ја известат оштетената за резултатите од гласањето и за дополнително спроведените дејствија. На 19. јанувари Комисијата, без никакви дополнително утврдени околности, донела предлог-одлука за разрешување на судијката во Врховен суд“, се вели во службениот допис на Обвинителството од каде и појаснувања дека надлежниот јавниот обвинител ги прибавил списите од предметот на Судскиот совет и детално ги проучил, а од направената анализа, на хронологијата на целокупното постапување, произлегло дека Судскиот совет, на седницата одржана на 29. септември минатата година, расправал по извештајот на Комисијата со кој се предлага запирање на постапката против оштетената, не дека при гласањето не било постигнато потребното двотретинско мнозинство за одлуката да помине и затоа било оценето дека е потребна доработка на предметот, по што списите биле и’ вратени на Комисијата.
„Изборот на нов член на предметната комисија бил извршен со ждрепка, согласно член 56 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет. Од записниците се констатира дека една од пријавените членови на Судскиот совет воопшто не се јавила за збор при расправата за извештајот, додека другата пријавена се јавила за збор и дала образложено мислење за кое не може да биде повикана на одговорност, имајќи ги предвид правата и обврските на членовите на Судскиот совет пропишани со закон. Комисијата за утврдување одговорност на судија одржала ново советување и гласање на 18.01.2021 година, но до Советот се уште не доставила извештај со предлог-одлука“, велат од Обвинителството и притоа потврдуваат дека во дејствијата што ги презеле пријавените нема елементи на кривично дело кое се гони по службена должност. Оттаму и правна поука дека против ова решение Неделкова има право на жалба во рок од осум дена до Вишото јавно обвинителство Скопје.​
Како што е познато иницијативата за поведување постапка против Лидија Неделкова дојде од поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој, пак, токму поради сторени злоупотреби беше разрешен од судиската функција.
Во меѓувреме, некои медиуми пласираа информација која се однесува на претседателот на Судскиоот совет, Киро Здравев, а според која тој, наводно, интервенирал да се поништи полгање на тест за интегритет, бидејќи судија од Врховниот суд не успеал да го положи тестот.

Спонзорирано