Обвинение за обид за убиство во кафеана

1278

Oсновното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Осомничениот на 24 овој месец, со умисла, се обидел да убие човек со кој седеле на различни маси во двор на гостилница. Тој без предупредување му пришол на оштетениот, извадил нож од џебот и замавнал, при што му нанел тешка телесна повреда – убодна рана во пределот на абдоменот, оштетувајќи му неколку органи. Реагирале други лица кои седеле на масата со оштетениот и осомничениот се оддалечил од местото. Со оглед на тоа што надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети сите законски основи, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Спонзорирано