Покренати дисциплински постапки за инцидентот во Шутка

405

Од истражниот затвор „Скопје“ ја известуваат јавноста дека директорот нЃоко Котевски и формално ја поднесе својата оставка до Владатапо настаните кои резултираа со физички пресметки во затворот на 21 овој месец.

-Покрај преземената одговорност од професионален и морален аспект, директорот подготви извештај за случувањата во затворот на 21 февруари во кој се констатирани пропусти и прекршувања на протоколите за работа од страна на службата за обезбебедување, се наведува во соопштението.

Како резултат на пропустите, како што е посочено, бил овозможен првиот вербален и физички инцидент, а подоцна не бил спречен вториот вербален и физички инцидент, иако постоеле можности за превенција.

Покрај оставката на директорот, согласно констататираните наоди во извештајот, покренати се дисциплински постапки за инволвирани лица кои ги прекршиле протоколите за работа.

Извештајот е доставен до Управата за извршување на санкции, до Министерството за правда и до Владата на Република Северна Македонија за натамошно постапување.

Спонзорирано