Во Шутка се собираат потписи за Котевски да остане директор

509

Се уште е отворено прашањето за оставката на директорот на Казнено поправната установа Затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски. Имено, заминувањето на Котевски од функцијата директор на затворот во Шуто Оризари станува условено и поради тоа што вработените веќе втор ден собираат потписи за поддршка.

Со петицијата, за која се верува дека ќе ја потпишат безмалку сите вработени, работите можат суштински да бидат променети во насока на евентуално останување на Котевски на местото директор. Петицијата, досега ја потпишале две третини од вработените, а наводно, и лица кои се на издржување на мерка притвор планирале да собираат потписи со кои, исто така ќе се бара Котевски да остане на местото директор на КПУ „Скопје“. Вработените во затворот се единствени во ставот дека Ѓоко Котевски е жртва на фингиран инцидент и тие не веруваат дека тој има вина за она што средата се случи во затворскиот круг.

„Се додека не го завршиме извештајот, кој треба да биде предаден во понеделник, не сакам да ги коментирам случувањата. Сега ми е најбитно извештајот да биде комплетиран и за таа цел повикав неколкумина вработени да помогнат во работата. Јас го ценам нивниот напор и тоа што тие одвоиле време, во денови на викенд, за да ја завршиме работата. За понудената оставка можам само да кажам дека таа е понудена како морален чин. Оставам можност овој случај да биде решен низ институциите на системот. Точно е тоа дека вработените ми даваат поддршка, но морам да кажам дека поддршка добивам и од поранешни притвореници. Сметам дека целиот овој случај е едно провидно сценарио, бидејќи се заврши со укинување на мерката притвор за Миле Јанакиески, односно со изрекување на мерка куќен притвор.“ – вели Котевски.

Барањето оставка од местото директор од Ѓоко Коктевски дојде по двата одвоени инциденти во кои главни протагонисти се поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Вербално-физичките инциденти кулминираа со пласирање на невистинити информации, според кои на Јанакиески му била скршена рака, а Ристовски, наводно, имал напукната аркада. Министерката Рената Десковска, но и министерството кое што таа го раководи, побара случајот да биде истражен, а директорот да си даде оставка. Ваквиот став на министерката вчера беше поддржан и од премиерот Зоран Заев.

Во меѓувреме социјалните мрежи се преплавени од јавувања на поранешни притвореници и на осудени лица. Тие говорат за обвинувњата на ВМРО-ДПМНЕ за наводно психичко и физичко насилство и обвинуваат дека, за десет години, во затворите, од разни причини починале повеќе од 100 лица, а дека тортурата била вообичена практика.

Целиот текст на 24.мк

Спонзорирано