Обвинение за лицето кое пукаше во скопско Бојане

    1104

    За лицето за кое постоеа основани сомневања дека, на 14. минатиот месец, во скопското село Бојане пукал од полуавтомско и автоматско оружје, скопското обвинителство изготви обвинение. Според Обвинителството тој се товари дека извршил две кривични дел: предизвикување општа опасност и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Имено, тој се товари дека со стрелба од автоматска пушка и полуавтоматски пиштол, коишто ги поседувал без дозвола, предизвикал значителна опасност за животот на неколку лица кои во тој момент се наоѓале во близина на селскиот бунар.
    Сега обвинетиот најпрво започнал вербална и физичка расправија со едно лице, а потоа со полуавтоматски пиштол „Застава М57“, со калибар од 7,62Х25 милиметри, испукал неколку куршуми во насока на продавницата, пред која седеле неговите соселани. По ова тој се вратил дома од каде излегол со автоматска пушка „Застава М70 Б1“, со калибар 7,62 милиметри. Од оружјето коешто е забрането да го поседуваат цивилни лица тој испукал неколку куршуми во воздух. Селаните го пријавиле настанот во полиција, а пукачот, чие име обвинителството и по поднесен обвинителен акт не го соопштува неговиот идентитет, бил приведен. Освен обвинение за ова лице е побарано и продолжување на мерката притвор.

    Спонзорирано