Истрага за скопјанец за дрога и оружје

718

Обвинителството отворило истрага за 25-годишен скопјанец поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Според обвинителството, во петокот, во домот во кој престојувал бил пронајден еден пиштол „Застава М88“, со рамка и осум куршуми, кутија со 25 куршуми од непозната марка и калибар, 17 куршуми долго зрно од непозната марка и калибар, празна рамка за пиштол, како и еден ловен карабин марка „Црвена застава“. Дополнително, при претресот било утврдено дека осомничениот во домот, заради натамошна продажба, поседувал и марихуана со тежина од 24,54 грама, како и исушени искршени гранчиња од марихуана со нето маса од 24, 32 грама.
Освен отворената кривична истрага, обвинителството за осомничениот побарало и изрекување на мерка притвор.

Спонзорирано