Јово Вангеловски со жалби по неговото суспендирање и разрешување

    1689

    Разрешениот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, а по одлуката на Судскиот совет и за негова суспензија од судиската функција, вложил жалби со кои бара преиспитување на веќе донесените одлуки.
    Едната од жалбите, односно онаа којашто се однесува на неговото разрешување е доставена до Врховниот суд, кој, пак, има обврска да формира комисија која ќе ја разгледува и ќе одлучува по поднесената жалба. Станува збор за деветчлена комисија која ќе ја сочинуваат тројца судии од Врховниот суд. по еден судија од сите четири апелациски судови и уште двајца од судот од каде што доаѓа разрешениот. Иако шансите за прифаќање на жалбата се мали, сепак и доколку такво нешто се случи тогаш случајот на Вангеловски повторно се сели во Судскиот совет кој, како што е познато на 10. минљтиот месец донесе одлука за неговосуспендирање и разрешување.
    Вториот избор на Вангеловски за претседателн на Врховниот суд се случи на 13. март 2017 година. Тој најави поголема транспаретност во работењето, а имаше и негово признание дека на една од таканаречените „бомби“ се слуша неговиот глас во разговор со поранешен висок државен функционер како договара судска одлука. Скандалите кои подоцна, во континуитет ќе го следат Вангеловски ќе започнат со неговата одлука да не му изрекува мерка притвот на газдата на „Трансмет“, Сеад Кочан, но и на сега пребеганите началници на УБК, Горан Грујовски и Никола Бошковски.
    Овие и ваквите одлуки на Врховниот суд уследија по средбата што само една недела по неговиот избор Вангеловски ја имаше со тогашниот државен Јавен обвинител Марко Зврлевски и екс-птретседателот на Адвокатската комора на РСМ, Никола Додевски. Имено, многумина оваа средба ја доживеаа како судско-партисјки состаноик на кој се договарале натамошните чекори во насока на опструирање на работата на Специјалното јавно обвинителство.
    Една одпоследните одлуки кои ги носеше советот во кој партиципира и Јово Вангеловски се однесува на осомничениот Јордан (Орце) Камчев. Вангеловски изгласа одлука со која не само на Камчев, туку и на Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ им се укинува мерката куќен притвор, и покрај тоа што се работи за првите тројца осомничени во предметот наречен „Империја“.

    Спонзорирано