ОБИНЕНИЕ ЗА ОБИД ЗА РАЗБОЈНИШТВО И СИЛУВАЊЕ

272

Основното јавно обвинителство во Струга поднело обвинителен акт со кој две лица се товарат дека, како соизвршители, се обиделе да извршат кривични дела „разбојништво“ и „силување“.

Настанот за кој се товарат непознатите, наводно, се случил на 31 декември минатата година. Тие влегле во обложувалница во Струга, а кога објектот останал празен физички ја нападнале вработената во обложувалницата, обидувајќи притоа и да ја силуваат, но и да и го одземат клучот од касата. Оштетената се спротивставила и успеала да се оттргне од напаѓачите, а поради силното викање на нападнатата тие се дале во бегство. Против обвинетиот, инаку 46-годишен македонски државјанин, Основното јавно обвинителство во Гостивар води постапка за кривично дело: убиство коешто го извршил на два дена пред да го стори разбојништвото. Тој, со умисла, лишил од живот сопственик на угостителски објект во Кичево, нанесувајќи му убодни рани во пределот на градниот кош.