Насилство во Општина Центар: Миле Јанакиески го посочи Агатангел како организатор на протестите

1229

Судењето за „шамарите во Општина Центар“ е во фаза на завршен збор што претполага и брзо изрекување на првостепена пресуда

 

Поранешниот министер за транспорт и врски, а сега обвинет за поттикнување на немирите од април 2013 година, Миле Јанакиески, на денешното судско рочиште негираше дека тој, но и ВМРО-ДПМНЕ, имаат нешто со случајот и како организатор на протестите пред Општина Центар го наведе името на владиката Агатангел. Јанакиски, но и уште неколкумина други обвинети побаар судот да го повика да сведочи и владиката Агатангел, но и поранешниот секретар во Владата на Никола Груевски, Кирил Божиновски, како и екс градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски. Всушност, одбраната на обвинетите побара уште малку време за изнесување на докази кои би биле презентирани во фаза на дополнителна доказна постапка, но за судијата Душко Јосифовски дел од докази се прифатливи, а повикување на нови сведоци ќе нема, бидејќи и нема нови околности кои би влијаеле за нивно, евентуално повикување.
Судењето за случајот „шамери во Општина Центар“ е одложењно за една седмица, односно за 24. овој месец, кога процесот ќе премине во фаза на завршни зборови, што, пак, претпоставува дека првостепената пресуда може да се очекува да крајот на овој или најдоцна до почетокот на следниот месец.
За насилствата во општината Центар, на Никола Груевски како поттикнувач, му се суди во негово отсуство, а меѓу обвинетите се и споменатиот Јанакиески и поранешната општинска советничка Даниела Рангелова и уште девет други лица. По приѐнание на вина, на условни казни беа осудени обинетите Томислав Лазаров и Јордан Ристевски.

Спонзорирано