Обвинителството проверува кому ВМРО-ДПМНЕ, со државни пари, му платила рекламирање

1019

Се вршат проверки на три фирми кои, непосредно пред парламентарните избори, регистрирале десетина портали на кои им биле дадени значителни средства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде Наредба за проверка на фирми што во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање.
„Имено, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави известување, според кое, постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност. Во насока на утврдување на наводите од известувањето, во текот на утрово во координација со обвинителството, Министерството за внатрешни работи спроведе акција при што е одземена документација од три фирми кои ги основале предметните портали, а ќе се прибираат и докази од други релевантни институции“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Со информација дека се „чешлаат“ неколку скопски фирми кои се јавуваат како основачи на десетина портали утрово прв се огласи порталот „Сакам да кажам“ кој објави дека се работи за портали коии немаат адреса, ниту импресум, односно дека станува збор за порталите: lady.mk, srekja.mk, gradina.mk, indigo.mk, visitskopje.mk, ekran.mk, biznisvesti.mk, makpress.mk и times.com.mk.
Сомневањата за сторен криминал се однесуваат на ВМРО-ДПМНЕ која, за потребите на својата кампања, а се средства добиени од државниот Буџет, им платиле на споменатите портали значителни суми средства, иако се работи нови, непознати портали кои имаат минорна посетеност.

Спонзорирано