Судија на претходна постапка, од скопскиот кривичен суд, по извршен распит на осомничениот Драги Рашковски му изрече мерка куќен притвор, иако за него и за сопственикот на „Инвока група“, Даниел Станчески, Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција бараше мерка притвор.
Од судот велат дека во предлогот обвинителот немало доволно докази кои одат во поткрепа на основите на сомнение заради кои се бара притвор, односно дека не бил приложен доказ дека тие се имотни илу дека би можеле да влијаат на истрагата. За овие двајца осомничени, освен мерката куќен притвор изречена е и мерка: забрана за комуникација со другите осомничени и забрана за користење на средства за комуникација. Поранешниот секретар на Владата на РСМ, Драги Рашковски се товари дека со набавка на софтвер го оштетил државниот за 11.018.321 денари или околу 180.000 евра.
НАМЕСТО ПРИТВОР, САМО КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДРАГИ РАШКОВСКИ
Спонзорирано





