ОБВИНЕТА СОПСТВЕНИЧКАТА НА „МЕТРОПОЛИТЕН“ ЗА АФЕРАТА СО ДИЈАЛИЗА

1357

Вера Иванова се товари за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари и други приноси од казниво дело, односно за зголемување на удел во фирма што ќе и донесе 11.560.000 евра

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до скопскиот кривичен суд денеска поднесе обвинителен акт против едно лице за кривични дела: злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело.
Сега обвинетата Вера Иванова, како управител на Трговското друштво „Метрополитен“, искористувајќи ги овластувањата, во 2013 година, искористила прилика како трговско друштво да учествува во постапка организирана од Министерството за здравство за добивање на лиценца за извршување здравствена услуга – дијализа.
„Целта на обвинетата не било да извршува здравствена дејност – дијализа, туку со здобивање на лиценца од 20 години, а со тоа и монополска положба на пазарот на овој вид здравствени услуги, да обезбеди повеќекратно зголемување на вредноста на уделот во правното лице. Откако ја основала приватна здравствена установа „Диамед“, каде основач е „Метрополитен“, на 14. февруари 2014 година со Министерството за здравство склучила Договор за лиценца за вршење дијализа, притоа обезбедувајќи пазар на јавна услуга за дијализа во РСМ во траење од 20 години со загарантирано навремено плаќање на извршените услуги. Оваа околност на обвинетата и овозможила да постигне значително повисока цена за уделите на трговското друштво од запишаната вредност на уделот кој тогаш изнесувал 231.000 денари“, се вели во соопштебнието на Јавното обвинителство, од каде и појаснување дека, по склучување на договорот, во 2015 година, Иванова, со цел да го продаде јавниот монопол во здравството, започнала преговори со шведската компанија „Дијаверум Шведска АВ“.
„За да ја избегне обврската за добивање претходна согласност од МЗ за пренос на уделот таа го пренела на ТД ‘Метрополитен’ – основач на ПЗУ ‘Диамед Македонија’, носител на лиценцното договорно право во вршење на здравствена услуга во мрежа – дијализа. Без да овозможи МЗ, како јавен партнер, да утврди дали шведската компанија ‘Дијаверум Шведска АВ’ ги исполнува истите тендерски услови како избраното друштво ‘Метрополитен’, сега обвинетата, на 31. октомври 2018 година склучила договор со ‘Дијаверум Шведска АВ’, за пренос на удел“, велат од Обвинителствтопто и потбрдуваат дека со ваквите дејствија Иванова, вредноста од уделот во „Метрополитен“ кој изнесувал 231.000 денари го зголемила на 11.560.000 евра за колку и го продала на новиот правен субјект.
Обвинетата во свое име и во име на правното лице на кое е управител и сопственик, паричните средства прибавени со сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување ги пуштила во оптек. На отворена сметка која гласела на име на Вера Иванова биле депонирани 3.275.000 евра, а преостанатите 8.281.000 евра на сметка којашто гласи на правното лице чиј краен сопственик е обвинетата, но во банка во Кнежевство Монако.​

Спонзорирано