КУЌНИОТ ПРИТВОР ЗА ДРАГИ РАШКОВСКИ ЗАМЕНЕТ СО ПРИТВОР

102

Кривичен совет на скопска “единица“ ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и на екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, му ја замени мерката куќен со ефективен притвор, во траење од 30 дена.
Преиначување на одука има и за осомничениот Даниел Станчески, сопственик на „Инвока“, фирмата која го обезбедила сопорниот софтвер кој, реално, не бил потребен, но за кој државата платила 81.000 евра.
Според непотврдени созанија на „Правосудство“, одлуката да се замени куќниот со притвор во КПУ „Скопје“ била донесена откако Обвинителството ги доставило доказите кои претходно беа побарани, но и поради бројните докази коишто биле обезбедени во претходна постапка и со кои само се потврдило дека набавката на софтверот не била законска.
Во прилог на ваквите тврдање оди и она што го објави порталот „СДК.МК“ кој пишува дека во телефон на еден од осомничените била пресретната порака со која Рашковски го поттикнувал соговорникот, пред истражителите од Обвинителството, да користи стручна терминологија, бидејќи тие „биле глупави и нема ништо да разберат“!
Како што информираше Јавното обвинителство, овој предмет беше отворен по допрен глас во јавноста, а дека истрагата покажала дека се се случубало во периодот од јануари 2019 до јули 2020 година кога Драги Рашковски, како службено лице, помогнат од останатите осомничени лица, со умисла извршил три временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Имено, Рашковски уште пред да биде спроведена постапка за јавна набавка на софтвер тој веќе ја договорил набавката, а дека штетата на државниот Буџет изнерсува 11.018.321 денари или околу 180.000 евра.

Спонзорирано