ИСТРАГА ЗА АГЕНТ КОЈ МАМЕЛ ПРИ ПРОДАЖБА НА СТАНОВИ

643

Скопското обвинителство отвори кривична постапка за едно лице, за сторени измами при купопродажби на станови. Сега осомничениот, од мај мај минатата до март оваа година, довел и држел во заблуда најмалку седуммина граѓани. Имено, со намера да прибави противправна имотна корист, тој како агент во својата агенција за недвижности им прикажувал невистини, односно дека од повеќе сопственици е овластен да ги продава нивните станови. Откако становите ќе ги огласел тој им ги покажувал на потенцијалните купувачи, а потоа на име капар земал и пари, но договор не склучувал.

Спонзорирано