ДРАГИ РАШКОВСКИ СПРОВЕДЕН ВО СУД, ОБВИНИТЕЛСТВТО БАРА ПРИТВОР

1195

Освен за Рашковски, кој се товари за злоупоотреба на службената положба со набавка на софтвер, Обвинителствтото бара мерка притвор и за сопственикот на фирмата која „победила“ на тендерот

Поранешниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, Драги Рашковски, утрово, со полициска придружба, а по налог на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, е спроведен во скопскиот кривичен суд. Драги Рашкоски е осомничен дека сторил кривично дело: злоупотреба на службена положба и овластување, а за истото дело се сомничат уште три други лица, меѓу кои и Даниел Станчески, сопственик на „Инвока група“, компнијата која го доби тендерот за сообраќајна безбедност вреден повеќе од 80.000 евра. Обвинитеството, со барањето за истрага, бара од судот на Рашковски и Станчески да им изрече мерка притвор, додека за другите двајца осомничени се бараат поблаги мерки.
Во временскиот период од јануари 2019 до јули 2020 година, Рашковски, како службено лице, помогнат од останатите осомничени лица, со умисла извршил три временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Имено, тој пред да биде спроведена постапка за јавна набавка на софтвер, ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот, притоа доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот, како надворешен соработник, пренесувал информации за текот на постапката на осомничените-учесници во јавната набавка. Во текот на постапката за јавната набавка наместо комуникацијата да се извршува со користење електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки, со цел фаворизирање на конкретен економски оператор првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот.
„На втори јануари 2020 година, првоосомничениот донел одлука за избор на најповолен понудувач за економскиот оператор каде сопственик и управител е второосомничениот и бил склучен Договор за набавка на услуги. Во месец јули, истата година, економскиот оператор доставил фактура на износ од 4.997.300 денари со вклучен 18 проценти ДДВ, па иако софтверот не бил имплементиран, фактурата во рок од седум дена била исплатена. Летото 2019 година, првоосомничениот донел уште две одлуки за јавна набавка на работи за потребите на софтверот, иако во тоа време сѐ уште не бил склучен договор за набавка на таков софтвер. Со избраните економски оператори како најповолни понудувачи биле склучени договори на износ од 1.416.000 денари, односно 4.605.021 денари, со вклучен ДДВ“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.
Со преземените дејствија, Рашковски предизвика штета на државниот Буџет на Р.С.Македонија во вкупен износ од 11.018.321 денари или околу 180.000 евра.
Од Обвинителствто потврдуваат дека истрагата за овој случаај е започната на 18 март оваа година, а по објавени повеќе новинарски текстови кои се однесуваа на набавката на софтверот, а за кој, пред само два дена и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кажа дека не бил известен, иако МВР веќе била вклучена во таков проект, такашто немало потреба од уште еден софтвер.

(Љ.С.)

Спонзорирано