Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице заради сторено кривично дело: учество во толпа што ќе изврши кривично дело.
Обвинетиот, инаку на возраст од 19 години, жител на селото Стајковци, на 26. февруари, оваа година, за време на јавен собир на граѓани, заедно со други идентификувани и неидентификувани граѓани, дејствуваат кон полицискиот кордон кој во тоа време бил поставен на булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Толпата на полицијката фрлала со камења, бекатон плочки, метални прачки и со други предмети и притоа биле повредени 11 полициски службеници и еден новинар.
На овие протести сега обвинетиот бил маскиран, со цел да не се открие неговиот идентитет.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, за кое се уште постои опасност да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.
Во меѓувреме е изаработена шема со која се покажува како делувале двете, односно групите од село Грчец и од Гази Баба.
Момче од Стајковци обвинето за учество во толпа
Спонзорирано