НЕМА ПОВТОРЕНО СУДЕЊЕ ЗА ВЕЛИЈА РАМОВСКИ ЗА „ПАЈАЖИНА“

2063

Како што неофицијално дознава „ПРАВОСУДСТВО.МК“, Кривичен совет на скопска “единица“ го одбил барањето на Велија Рамковски да му се овозможи повторување на судската постапка за случајот познат како „Пајажина“!
Барањето за повторување на постапката датира од крајот на минатата година, но Одлуката на Кривичниот совет била донесена пред нешто повеќе од десетина дена.
Зошто судот не му дозволил повторување на постапката на Рамковски засега останува непознато, но одлуката е веќе лиферувана до поднесителот на барањето и во неа се наведени причините поради кои судот донел таква одлука.
Како што е познато, сопственикот на сега веќе непостоечката „А1 телевизија“ и на уште неколку печатени медиуми, на 14. март 2012 година, беше осуден на единствена казна затвор во траење од 13 години. Рамковски, согласно пресудата којашто тогаш ја донесе скопска „единица“ за кривично дело перење пати и други приноси од казниво дело беше осуден казна затвор во траење од шест години, за даночно затајување дополнителни пет, за злосторничко здружување три и за злоупотреба на служената положба уште една година или се’ вкупно 15 години. Со првостепенета пресуда судот, на име затаен данок, наложи да се се надоместат 286.731.670 денари, како и 18.904.247 денари кои исчезнале со празнење на сметките на фирмите на Рамковски и уште 8.469.523 милиони на име данок.
Една година подоцна, поточно на 19 март 2013 година, Апелациониот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда на кривичниот суд.
Поради нарушена здравствена состојба, на 21. август 2017 година, нему му беше прекратено натамошното издржување на затворската казна.

(Љ.Станковиќ)

Спонзорирано