ПРИВЕДЕНИ ДЕВЕТМИНА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

2122

Приведените се учествувале во обезбедувањето и изработката на лични исправи за балкански нарко босови, но нивното работење било следено една година

Деветмина полициски службеници се приведени во акцијата којашто попладнево ја спроведува Министерството за внатрешни работи, а во соработка со Канцеларијата за истраги на Амбасадаса на САД и Интерпол.
Акцијата се уште трае и се верува дека ќе има нови приведувања, но детали поврзани за досегашниот тек не се соопштуваат. Она што засега е извесно е дека на реализацијата и’ претходела истрага која траела една година.
Приведените се лица кои учествувале во обезбедување на фалсификувани лични и патни исправи, а за што вчера говореше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој обвини дека актуелната влас им обезбедила македонски исправи на водачот на Шкаљарски клан, црногорскиот државјанин Јован Вукотиќ и на турскиот државјанин Седат Пекер, за кого, исто рака се верува дека се занимава со нелегална тргоцвија со наркотици. Имено, Вукотиќ добил пасош на име Георги Андонов, а Пекер имал лична карта на име Џадин Адемовски.

Спонзорирано