Маж на возраст од 70 години обвинет за обид за силување на девојче

346

Маж, на возраст од 70 години, е обинет за кривично дело: полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, односно дека се обидел да силува девојче на 10 – годишна возраст.
Сега обвинетиот, на седми минатиот месец, на улицата „Индира Ганди“, во Скопје, се обидел да изврши полово дејствие врз 10-годишно девојче. Тој вбил спречен во намерата од друго лице кое го турнало обвинетиот на земја, но тој, сепак, успеал да побегне. Долго време по настанот, односно се до 29. октомври обвинетиот бил недостапен за органите на прогонот, но по неговото приведување тој бил испратен на издржување на веќе изречениот притвор, кој, по барање на Обвинителството најверојатно ќе му биде продолжен за уште еден месец, бидејќи постои опасност тој повтоено да се даде во бегство или да го повтори делото за кое ќе треба да одговара.​​

Спонзорирано