Обвинителството бара казни за организирање на веридба во двор и за свадба во кафеана

418

Скопското Јавно обвинителство поднело предлози за издавање казнени налози за три физички и едно правно лице, заради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Како што потврдуваат од Обвинителството, првите двајца обвинети, инаку татко и син, на 13. септември оваа година во дворот на семејната куќа организирале веридба на која присуствувале 30 гости, со што постапиле спротивно на прописите и наредбите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Третиот обвинет, управител на правно лице, но и сопственик на угостителски објект, на 3 минатиот месец, организирал свадба на која биле присутни околу 90 лица. Настанот бил констатиран при контрола и надзор од страна на овластени лица од Државниот пазарен инспекторат.
Обвинителството, за физичките лица предлага казни од 100 дневни глоби од по 20 евра, а за правното лице се бара јазна од 300.000 денари.​​

Спонзорирано