Судот на Боки 13 му одби изземање на судија, тој сега бара иззамање на целиот совет

219

Претседателот на скопскиот кривичен суд, Иван Џолев, како што можеше и да се очекува, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова.
Одвивањето на барањето на Боки 13 , кој овој пат одговара за финансиски махинации со неговата невладина организација наречен „Меѓународен сојуз“, како да не му беше доволна, па тој сега бара изземање на целиот судечки состав.
Имено, според логиката на обвинетиот, судијката Гаврилова-Ефремова, наводно, била политички иструирана и како таква била поврзана со претседателот на суд, за кој Боки 13 знаел како бил избран, а тоа, пак, му давало за право да верува дека целиот судечки совет бил „контролиран од премиерот Зоран Заев и други политички субјекти“.
За случајот со „Меѓународен сојуз“, освен Боки 13, кој се товаери за измама и перење пари и други приноси од казниво дело, обвинети се поранешната пратеничка Фросина Ременски за помагање на делото измама, како и Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ, заменик-претседателка на невладината одрганизација, и асистенката на Боки, Христина Блажевска за помагање во измамите и за перење пари, а Миле Јовановски, за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
На листата на обвинети е и самата невладината организација, преку која Јовановски од бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски, извлекол 720.000 односно 233.000 евра.

Спонзорирано