ЛЕКАР ОСОМНИЧЕН ЗА ИЗДАВАЊЕ ЛАЖНИ ПОТВРДИ ЗА НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ

1247

Лекар од Гостивар е осомничен за издавање на невистинити потврди за негативен ПРЦ – тест и за него е поведена кривична постапка за продолжено кривично дело: злоупотреба на службена положба и овластување. Сега осомничениот, во два наврата овој месец, ја злоупотребил својата положба како службено лице специјалист-инфектолог во ЈЗУ Општа болница „Др. Ферид Мурат“, во Гостивар. Имено, иако во наведената лабораторија воопшто не се вршеле ПЦР тестови, осомничениот на две пациентки им зел брис од нос и уста и за одреден финансиски надомест им издал лажен извештај за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот со цел да можат да патуваат во странство. Во двата наврати тој го злоупотребил својот службен факсимил.
Лекарот, од една пациентка, на 7. март наплатил 50 евра, додека на другата, два дена подоцна, и наплатил 1.500 денари, односно вкупно за себе прибавил противправна имотна корист од околу 4.500 денари.
Надлежен јавен обвинител, до судијата на претходна постапка, доставил предлог за определување мерка притвор, со оглед на тоа што постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото.​

Спонзорирано