За тепачката во Струмица пријавени 22 лица

915

Во масовната тепачка, која се случи во четвртокот, во Струмица, пријавени се 22 лица, а обвинителството 12 од нив ќе ги гони за кривично дело: спречување на службено лице во вршење службено дејствие, а десетмина ќе одговараат за насилство.
Како што потврдуваат од обвинителството се’ уште се прибира медицинска документација, но и други материјални докази.
Според првичната верзија, лица задолжени за обезбедување на казино, наводно без повод и причина започнало да брка едно лице кое играло на автоматите за комар, а потоа го тепаа на сред улица, но безбедносните камери покажале дека се’ започнало во казиното и тоа од лица кои биле таму, а кои физички се пресметувале со обезбедувањето на локалот.

Спонзорирано