Кривична пријава за тројца од Тетовскиот универзитет

547

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство во Тетово поднесе кривична пријава против тројца вработени на Државниот универзитет во Тетово. Поднесена е кривична пријава против Р.Ф., раководител на Центарот за информатички технологии, М.В., советник за информатички и компјутерски технлогии и Ѓ.А., соработник за за информатички и компјутерски технлогии при ДУТ. Тие се сомничат за „несовесно работење во службата“.Според Финансиската полиција, Р. Ф., М. В. и Ѓ.А. несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности со што го оштетлите буџетот на ДУТ за пет милиони денари.„М.В. и Ѓ.А. на 22 декември 2016 година, по добиена наредба од Р.Ф., потпишале и потврдиле прием, имплемантација и овозможиле плаќање на интегриран информациски систем кој потоа воопшто не бил ставен во функција. Со тоа предизвикале штета врз буџетот на ДУТ во вкупен износ од 5.009.188 денари“, информира Финансиската полиција

Спонзорирано