Пратеничката Фросина Ременски очекува запирање на истрагата

599

Пратеничката и потпретседателка на Собранието на државата, Фросина Ременски, денеска, откако ги напушти просториите на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, потврди дека примила решение за финиш на кривичната истрага за случајот наречен „Рекет 2“, но таа очекува обвинителството да го запре прогонот за неа.
Фросина Ременкски денеска во обвинителството даваше исказ за „Рекет 2“. Таа во петокот и вчера вршеше увид во доказите и пред да си замине изрази задоволство, бидејќи на доказите коишто и ги презентирало обвинителството никаде не стоел нејзиниот потпис, иако таа беше раководно лице во невладината организацијата на Боки 13, наречена „Меѓународен сојуз“.
Случајо „Рекет 2“ се однесува на измами, односно извлекување на повеќе од еден милион евра од една битолска и една струшка градежна компанија. Измамата на Бојан Јовановски се состоела во тоа што на сопсвениците им било кажано дека ќе се градат домови за стари и изнемоштени лица.

Спонзорирано