Притворена адвокатка заради сторена измама

    3135

    Адвокатка, за која кумановското Јавно обвинителство не соопштува која е и од каде е се сомничи дека сторила кривично дело измама и за неа е изречена мерка притвор во траење од осум дена.
    Како што појануваат од обвинителство сега осомничената, како адвокат била ангажирана и ополномоштена од клиентка да ги застапува нејзините правни интереси пред Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за остварување и за ретроактивна исплата на семејна пензија. Како правен застапник адвокатката знаела дека досудените парични средства од судскиот спор, во висина од 680.634 денари, биле исплатени на трансакциската сметка на нејзината клиентка, но за да прибави за себе поголема противправна имотна корист таа ја зела личната карта на клиентката и со уште едно, засега непознато лице, кое наликувало на клиентката, се упатила во експозитурата на една банка во Куманово.
    Адвокатката и лицето коешто ја придружувало, се обидела да изврши трансфер на парите од сметката на клиентката на нејзината трансакциска сметка, но тие не успеале во нивната намера, бидејќи банарските службеници се се посомневале во идентитетот на другото лице.
    Вториот обид за префрлање на средства, на идентичен налчин како претходно, се случил во експозитура на истата банка, но сега во Скопје. Со искористување на туѓ идентитет и лични исправи адвокатката успеала да изврши трансфер на парите, но во меѓувреме, службениците од експозитурата во Куманово го пријавиле случајот во јавното обвинителство. Адвокатката била приведена на граничниот премин Табановце.
    Со оглед на тежината на кривичното дело и опасноста осомничената да се даде во бегство или да го повтори делото, јавниот обвинител од Куманово побарал од судот да изрече безбеднбосна мерка притвор. Барањето на обвинителството било прифатено и на адвоктката и е изречен краткотраен притвот во траење од осум дена.

    Спонзорирано