КАТИЦА ЈАНЕВА ОД „ШУТКА“ ДАДЕ ДОЗВОЛА ЗА ПРЕНОС НА ПРЕДМЕТИ

1410

Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, а сега осомничена во случајот наречен „Рекет“, Катица Јанева, од затворската ќелија до нејзината “матично обвинителство“ испратила допис со кој им се дозволува на јавните обвинители да извршат пренос на активни предмети до другите обвинителства. За испратеното полномошно на Јанева потврда доаѓа и од СЈО од каде денеска беше лиферувано и соопштение за јавност.
„Во текот на вчерашниот ден до ова Јавно обвинителство, од страна на Основниот кривичен суд Скопје, доставено е полномошно кое Катица Јанева преку КПУ ‘Затвор Скопје’, го доставува до ова Јавно обвинителство. Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага. Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ со цел запознавање на Јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување“, се вели во соопштението на СЈО.
Инаку, полномошното на Јанева доаѓа само ден пред да се гласа, во Собранието на РСМ, за нејзино разрешување. Јанева дојде на чело на СЈО на 15. септември 2015 година, но пред не цел месец таа беше осомничена за сторени злоупотреби поврзани со осомничениот Орце Камчев и случајот наречен „Империја“ и на барање на Основното јавно обвинителство за гонење на кривични дека и корупција таа заврши во Истражниот затвор „Скопје“, во Шуто Оризари.

Спонзорирано