Ременски два часа даваше исказ за „Рекет“

1001

Според потпретседателката на парламентот, почесното претседателство во Меѓународниот сојуз во ниту еден момент не подразбира формално – правна обврска за какво било учество и одлучување во органи

Пратеничката и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски денеска повеќе од два часа даваше исказ во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција во врска со случајот „рекет“ и нејзината поврзаност со Меѓународниот сојуз.

По излегувањето од обвинителството, Ременски изјави дека кажала сѐ што има  да каже и одговорила на сите прашања што ѝ биле поставени.

-Како што кажав и на почетокот, на моменти кога од страна на опозицијата се споменуваше моето име во контекст на Меѓународниот сојуз, кажав дека немам ништо против Јавното обвинителство да го истражи секој момент повзан со моето повикување во контекст на невладината организација – изјави Ременски.

Прашана дали присуствувала на средбата со Бојан Јовановски за трансакцијата на Силјан Мицковски од 720 илјади евра, Ременски рече дека нема никакво лично присуство.

– Сите прашања поврзани со Меѓународниот сојуз, облигационите односи што ги има Меѓународниот сојуз со лица и фирми, значи лично присуство немам никакво. Во контекст на она што беше побарано од ЈО да го дадам како одговор на одредени прашања, кои можеби одат и повеќе од ова ваше прашање – изјави Ременски.

Посочи дека тука се зборува за конкретен кривичен правен настан и не се зборува за лични релации, и дека не може да зборува за никакви други лични релации кои не се контекст на кривично правниот настан што се истражува.

На новинарско прашање дали се познава  со Јордан Камчев и Зоран Милевски Кичеец таа одгоцори дека ги знае од телевизија. Прашана дали го посетила Борјан Јовановски додека е во притвор, Ременски рече дека ниту побарала такво нешто, ниту го посетила.

Во однос на почесното претседателство во Меѓународниот сојуз, Ременски рече дека во ниту еден момент не подразбира формално правна обврска за какво било учество и одлучување во органи.

– Квалификациите за тоа што  правел Меѓународниот сојуз ќе оставам да ги утврди обвинителството. Ниту јас, ниту вие како новинари не треба да даваме квалификации. По прашњето за грижата на совест, тоа е индивидуална категорија на секој поединец и сите ние имаме и одговорност, меѓутоа и сите ние имаме и ситуации во животот кога и другаруваме или сме во роднинска врска со луѓе кои можеби сториле или не сториле нешто, а сме биле во некаква комуникација. Тоа не значи дека тоа повлекува и некаква грижа на совест особено ако не се однесува за дејствија поврзани лично со нас –  истакна Ременски.

 

 

Спонзорирано