Кирацовски: „Не знаев дека Боки 13 рекетира, а не се препознавам ни како ‘Кики’

    1563

    И Александар Кирацовски, поранешниот генерален секретар на СДСМ, како и неговата колешка, пратеничката Фросина Ременски, се задража два часа во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде, во својство на сведок, даваше исказ за случајот наречен „Рекет“. Кирацовски негира дека му било познато дека Бојан Јовановски алиас Боки 13 се занимавал со изнудување на пари, а себеси не се препознава под псевдонимот „Кики“.
    „Апсолутно не знаев дека Боки 13 врши рекет, ниту се препознавам под псевдонимот ‘Кики’. Мислам дека помогнав, на некој начин, истрагата да заземе правилен тек“, рече Кирацовски по напуштањето на зградата во која е сместено Обвинителството, притоа негирајќи дека бил член на невладината организација „Меѓународен сојуз“, на Боки 13. Тој цени дека со давањето на исказ пред Јавен обвинител извршена е една граѓанска обврска, дека со информациите кои ги доставил ќе се стави крај на инсинуациите, манипулациите и лажните вести. Кирацовски е убеден дека целиот процес ќе биде крајно транспарентен и дека сите кои се огрешиле од законот ќе одговараат за своите постапки.
    „Ова со Катица, Камчев и Кичеец, нема никаква врска со мене. Тоа не се дискутираше денеска, ниту ги знам ниту ги познавам, ниту сакам да ги запознаам“, рече Кирацовски и потврди дека не посредувал кај градоначалници за потребите на криминалната организација на Боки 13.

    Спонзорирано