Комисијата за избори и именувања го поддржа разрешувањето на Јанева

    1130

    Сите 13 членови на собраниската Комисија за избори и именувања гласаа за предлогот Катица Јанева да биде разрешена од функцијата шеф на Специјалното јавно обвинителство, откако претходно го прифатиле извештајот што им беше доставен од Советот на јавни обвинители.
    Денешната одлука на Комисијата, донесена зад затворени врати, сега ја отвора вратата веќе на првата наредна пленарна седница на Собранието пратениците да ја потврдат одлуката за смена, односно за разрешување на Јанева.

    Спонзорирано