Камчев ќе излезе од дома

1333

Кривичниот совет на Врховниот суд му го укина куќниот притвор на Орце Камчев, сопственик на „Орка холдинг“, инаку првоосомничен во предметот „Империја“, откако претходно била прифатена неговата, но и жалбите на неговите бранители.
Заедно со Камчев од куќен притвор излегуваат и неговите најблиски соработници, Ненад Јосифовиќ и Цветан Панделески, бизнис-партнер во „Пелистерка“ и управител на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“.
Информацијата е сѐ уште неофицијална, со оглед на тоа што од Врховниот суд велат дека тие се уште не донеле одлука.
Во истрагата за „Империја“, освен споменатите, за кривични дела: злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластувањето, измама и перење пари и други приноси од казниво дело, се сомничат мајката односно сестрата на Орце Камчев, Ратка Куноска-Камчева, Христина Камчева-Стојческа, но и Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.
Меѓу осомничените е и кумот на Камчев, екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнање Сашо Мијалков, но тој и натаму останува во куќен притвор.
Орце Камчев изавесно време мина зад решетки, откако Судија на претходна постапка, во ноември минатата година, му изрече мерка притвор. Замената на притврот со куќен притвор го чинеше Камчев 14,5 милиони евра. Станува збор за пари и недвижности, дадени како гаранција, во замена за укинување на притворот.

Спонзорирано